Полувреме во Струмица: Брера – Македонија ЃП 1:1! Петровиќ со деби – гол, Луковиќ со голема глупост

74
ФОТО:facebook.com/fkakademijapandev

Интересно прво полувреме во Струмица на средбата меѓу Брера и Македонија ЃП кое заврши со резултат 1:1. Струмичани дојдоа до водство со деби – голот на Леонардо Петровиќ кој го искористи додавањето на Велков и ја затресе мрежата на Јанков за 1:0. Ова се случуваше во 20.минута.

Следуваше подобра игра на “лавовите“ кои имаа неколку шанси, и тоа на Гереро, ударот на Стојчевски, но домашниот голман Вргов беше одличен.

И тогаш во 43.минута невидена глупост на домашниот фудбалер Луковиќ кој откак беше минат од Џангаровски играше со рака, како во ракомет, а се знае дека има ВАР. Јасно е дека тоа беше пенал за гостите. Пецов го изведе, Вргов го одбрани ударот од белата точка, но таа одбиена топка дојде повторно до Пецов, тука беше и домашниот играч Ивановски кој си постигна автогол за израмнување на 1:1.

ПретходноНов хорор на Зимските олимписки игри: Австралијанец скрши врат
СледноВлатко Стојановски со трансфер во Узбекистан!(ФОТО)