Стојановски откако неговиот тим го “размонтира“ Работнички: „Јас можам само да уживам!“

147

И тоа каков победнички старт за Пелистер. Битолчани со 4:1 успеаја да го победат Работнички и веројатно да го пратат во втора лига. Екстра значајна победа, екстра значајни три бода и екстра игра на Лука Булатовиќ кој постигна хет – трик.

По мечот секако дека стратегот на битолчани Милан Стојановски беше расположен за коментар:

Секогаш првото коло е непознаница, особено бидејќи Работнички донесе цел тим, па не знаевме како ќе игра и со кого ќе игра се додека не видовме во протоколот пред натпреварот. Се опуштивме малку на 2-0, едно невнимание и примивме гол. Сепак, во второто полувреме одигравме одлично и без грешка. Добрите и квалитетни подготовки дојдоа до израз. Нивниот труд во Анталија се исплатеше со оваа победа. Булатовиќ е добар играч, ако продолжи вака, ќе биде уште поефикасен. Сите добро работеа на подготовките, мило ми е што се колектив и имаме добра хемија во соблекувалната, а тоа се виде на теренот. Јас можам само да уживам. Ќе се обидеме да освоиме бодови во секој натпревар и да ја исполниме нашата цел – опстанок во лигата“, изјави Стојановски. 

ПретходноПознати се сите групи во ЛН: Хрватска и Србија ги чека пекол, спектаклот е загарантиран!
СледноЕвролига го “улови” Перо Антиќ (ФОТО)