„Шумарите“ го отпуштија Дајч, ќе бараат четврти менаџер оваа сезона

101
фото: Premier League (X)

Нотингем Форест синоќа објави дека го отпуштил главниот тренер Шон Дајч. Клубот не победи на ниту еден натпревар во последните три дуели од Премиер лигата, а капка на се беше ремито со Вулверхемптон синоќа, 0:0.

Дајч беше на чело на тимот од октомври 2025 година и го предводеше тимот на „шумарите“ на вкупно 25 натпревари (10 победи, 5 нерешени и 10 порази).

Нотингем го отпушти својот трет менаџер оваа сезона, по Нуно Еспирито Санто, а потоа и Анже Постекоглу.

Тимот моментално е на 17-то место на табелата во Премиер лигата, со освоени 27 бода во 26 натпревари.

ПретходноВтор триумф на футсал репрезентацијата на Македонија во дуелите против Австрија
СледноАлаѓозовски: Mладите фудбалери секогаш имаат мотив да се докажуваат