ФК Вардар се пофали дека потпишал професионални договори со тројца фудбалери од младинската школа. Станува збор за Никола Ристевски роден 2007 година, Христијан Јевтоски роден 2008 година и Бљерон Бајрами роден 2008 година.
„Дека е најсериозен фудбалски колектив во земјава со голема професионалност и посветеност кон овој спорт, препознаени квалитети од големи фудбалски имиња и клубови пошироко, ФК Вардар внимава на своите млади категории целејќи кон создавање на врвни спортисти пред се личности, кои ќе го оправдаат вложеното во нив носејќи ги во иднина боите на овој клуб.
Во тој дух денеска ФК Вардар АД потпиша професионални договори со тројца играчи од младинската школа. Никола Ристевски роден 2007 година, Христијан Јевтоски роден 2008 година и Бљерон Бајрами роден 2008 година.
Сите тројца играчи потпишаа на верност со клубот до 2029 година“, се вели во известувањето на ФК Вардар.















