Б-1 Лига Нации: Со Словенија имаме позитивен биланс, Шкотска сме ја победиле, со Швајцарија за првпат ќе играме!

229

Вечерашната ждрепка во Брилел сакаше Македонија да се падне во Б-1 групата во Лигата на Нации. Легендарниот Патрик Виеира ја „смести“ Македонија во тешка група и тоа со Шкотска, Швајцарија и Словенија. Секако дека избраниците на селекторот Гоце Седлоски од септември до ноември, кога се играат мечевите ги чека голем предизвик.

Што се однесува до досегашните меѓусебни дуели, да кажеме дека досега со Швајцарија не сме играле, овие два меча наесен ќе биде за првпат да ги играме со оваа селекција.

Со Шкотска досега имаме четири меча, една победа, едно реми и два порази. Со Словенија има и тоа како позитивен биланс. Од седум меча имаме четири победи, две ремија и само еден пораз.

Шкотска, Швајцарија и Словенија, тоа се силни ривали, но и Македонија има што да покаже во оваа група во Б-1 Лигата на Нации.

ПретходноТешка група: Македонија против Шкотска, Швајцарија и Словенија!
СледноГоце Седлоски: Ние во оваа група не влегуваме со улога на аутсајдер!