Мемеди е роден во Куманово 2003 година. Во кариерата настапуваше за тетовска Шкендија, Детонит, Воска, Башкими, косовска Лирија, а во редовите на Брегалница доаѓа од Кожуф. Станува збор за офанзивен играч со изразени напаѓачки квалитети, а може да ги покрива сите позиции во нападот. Ова е уште едно засилување за тимот на стратегот Влатко Костов кој претендира во пролетниот дел на пласман на првата позиција во ВМФЛ и за директен пласман во елитата, односно враќање во ПМФЛ.
Кога сме кај второлигашите да кажеме дека пролетната полусезона сезоната стартува на 21 февруари, а штипските “сини“ во тоа прво пролетно или 16.коло играат со Кожув на гости. На табелата во пресрет на стартот во оваа полусезона прв е Охрид со 36 бода, втора е Шкендија Арачииново со 35 а трета е Брегалница со 33 бода.










