Влатко Стојановски со трансфер во Узбекистан!(ФОТО)

123
ФОТО:.facebook.com/FcMashalUzbekistan/

Некогашниот репрезентативец, како и фудбалер на повеќе наши клубови, Влатко Стојановски од денеска е нов член на Машал, клуб од Узбекистан. По завршување на сите детали околу договорот, раководството на овој клуб на својот сајт и го претстави своето ново име и тоа од Македонија, и тоа Влатко Стојановски кој дел од својата кариера ја мина и во Франција, во тимот на Ним.

Многу сум среќен што сум член на семејството „Машал“. Атмосферата и гостопримството во клубот ме привлекоа уште од првиот ден, — рече Македонецот.напаѓачот.
Стојановски нагласи дека дошол во Мубарак не само за да игра фудбал, туку и за високи резултати:
“Дојдов тука да освојувам титули. Заедно со моите соиграчи и тренерскиот штаб, работиме кон големи цели. Уверен сум дека ќе можеме да ги исполниме задачите што ни се поставени.Напред, „Машал“!“ изјави Стојановски на промоцијата.

ПретходноПолувреме во Струмица: Брера – Македонија ЃП 1:1! Петровиќ со деби – гол, Луковиќ со голема глупост
СледноTројца играчи од младинската школа на ФК Вардар потпишаа професионални договори