Гоце Седлоски: Ние во оваа група не влегуваме со улога на аутсајдер!

366

Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации. Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, а предводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.

Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува. Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот.Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот” истакна Седлоски.

ПретходноБ-1 Лига Нации: Со Словенија имаме позитивен биланс, Шкотска сме ја победиле, со Швајцарија за првпат ќе играме!
СледноПознати се сите групи во ЛН: Хрватска и Србија ги чека пекол, спектаклот е загарантиран!