Вечерва се одиграа неколку мечеви од 28.коло во Евролигата. Најинтересно беше во Тел – Авив каде силите ги одмерија Макаби и Баер Минхен, а еден од оние кошаркари кои го одбележаа овој дуел кој заврши во продолженијата со победа на Макаби од 111:106, беше нашиот Ненад Димитријевиќ.
🚨 HIGHLIGHT-ALERT! 🚨
Neno Dimitrijevic gets the And-1, 02/12/2026
Watch all @EuroLeague games on #MagentaSport!#FCBB #WeBallTogether pic.twitter.com/s7eLdagvtl
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) February 12, 2026
Имено на 12 секунди до крајот при водство на домашните од 98:95, тој не само што постигна тројка туку врз него имаше и фаул и го погоди и слободното, па му донесе водство на тимот на Баерн од 98:99. Сепак домашните погодија од слободни едно во следниот напад и мечот отиде во продолженија, а таму Макаби беше подобар.
Нено на крајот запиша 15 поени, два скока и 10 асистенции. Сепак недоволно за победа на неговиот тим.
Во Пиреја пак Олимпијакос со 92:86 ја победи Ц.Звезда по голема борба. Интересно беше тоа што покрај паркетот во салата “Мир и Пријателство“ беше и нашиот Перо Антиќ кој играше и во двата клуба, за кој навива и за двата клуба. Медија тимот на Евролигата го „улови“ Перо, секако.
Исто така во салата беше и Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња просто уживаше во феноменалната атмосфера на овој меч.










