Познати четвртфиналистите од Купот на ОФМ 2026 кај мажите

20

Три тетовски екипи Лирија, Шкендија и Универзитет во Тетово, како и Сушево успешно го минаа првиот филтер, односно претколото од Купот на ОФМ 2026 во машка конкуренција и обезбедија пласман во четвртфиналето.

Директно место во четвртфиналето имаа првите четири екипи на табелата од есенскиот дел на сезоната односно лидерот и бранителот на куп-титулата, Штип УГД, потоа Струмица 47&72, како и Работнички 71&22 и ГОК Борец.

Според пропозициите четвртфиналните парови ќе се добијат по пат на полудиригиран ждреб, односно во еден шешир ќе бидат директно пласираните екипи, додека во вториот, тимовите кои го минаа претколото.

Четвртфиналната фаза се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобро пласираната екипа.

Терминот за ждрепката дополнително ќе биде познат.

ПретходноСепак се најде начин: Победа ќе ја доигра сезоната во ВМФЛ
СледноПМФЛ: Булатовиќ со хет – трик му кажа “ЧАО“ на Работнички во Втора лига!