Серхат Пермеџи, фудбалскиот ментор на Арда Ѓулер во младинските тимови на Фенербахче, во интервју за „Спортс диџитал“ изјави дека турскиот талент е малтретиран во Реал Мадрид. Плејмејкерот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2023 година, кога беше баран и од Барселона. На почетокот на својата кариера во Мадрид, тој се појавуваше почесто од клупата, но под водство на Чаби Алонсо му беше доделена многу поцентрална улога.
„И покрај тоа што Реал Мадрид е мега-клуб, Арда Ѓулер страдаше од малтретирање. Не е тоа што ми се пожали, но знаев дека ќе се случи. Му реков да биде трпелив. Малтретирањето доаѓаше од играчите. Таму има група што не можеше да го прифати Арда. За жал, ова се играчи со многу високо его. Арда е многу трпелив и свесен, но дури и тој почна да се бунтува со мислата: „Зошто секогаш јас?““, открива тренерот кој го штити Ѓулер уште од неговите рани години во интервју кое предизвика сериозна возбуда во Турција. Менторот на Ѓулер тврди дека токсичната атмосфера во соблекувалната на Реал Мадрид го спречила потпишувањето на Јирген Клоп и го забрзала заминувањето на Чаби Алонсо:
„Клоп веќе рече дека некои играчи морале да заминат за да дојде тој. Чаби Алонсо заминал од истата причина.“










