Битолчани во последните седум минути го „скршија“ Прилеп

110

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва многу потешко од очекуваното дојдоа до победа против Прилеп во мечот од новото 21-во коло во домашниот шампионат. Битолчани славеа со 32:27, но вреди да се напомене дека прилепчани го држеа мечот во егал се до последните седум минути, кога на семафорот стоеше 25:24.

Откако видоа дека во финишот се може да се случи, домаќините додадоа „гас“ и успеаја да дојдат до комотна предност која на крајот изненасуваше пет гола.

Филип Кузмановски со 9 погодоци беше најефикасен кај „зелено-белите“, додека кај гостите од Прилеп, Димитар Димитриоски заврши со 8 погодока.

ПретходноЗОИ 26: Клаебо се запиша во историјата, oсмо злато за Норвежанецот!
СледноСтруга немоќна против моќниот Алклалоид