Кумановскиот маратон може да почне: Осум тима – една желба!

99
Фото: КФСМ

За првпат во историјата Куманово е домаќин на едно натпреварување како што е кошаркаркиот Куп на Македонија, кој го носи име на легендарниот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Од осумте учесници, само три екипи имале ексклузивно искуство да го освојат пехарот во ова натпреварување, а тоа се: МЗТ Скопје, кој е бранител на трофејот, Работнички и ТФТ.

Кога сме кај бројките, за тимот на Маџари и Куманово ова ќе биде прв настап во Купот на Македонија. За Маџари кој од оваа сезона е дебитант во прволигашкото друштво, па самото учество во ова натпреварување. Што се однесува до Куманово, предноста на домашен терен треба да донесе нова историја во градот, кој денеска дише во ритамот на кошарката.

Први на теренот ќе истрчаат ТФТ и Феникс, условно кажно, домаќинот е фаворит, но во Купот на Македонија, улогите на фаворити секогаш се во заден план.

Во центарот на вниманието е дуелот меѓу вечните ривали, МЗТ Скопје против Работнички. Бранителот оди по 13-от пехар, додека Работнички по 11.

Кожув и Маџари ќе се сретнат во терминот од 17 часот, додека четвртфиналниот ден ќе го затворат Пелистер и Куманово.

ДВОЈКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕСКА

ТФТ – Феникс (12 ч.)

МЗТ Скопје – Работнички (14:30 ч.)

Кожув – Маџари (17 ч.)

Пелистер – Куманово (19:30 ч.)

 

ПретходноКостадинов на позајмица во Словачко! (ФОТО)
СледноАтлетико ја „газеше“ Барселона, Симеоне со провокација за Јамал