Струга немоќна против моќниот Алклалоид

52

Скоро без никакви проблеми и со доминантна партија и во двете полувремиња, ракометарите на Алкалоид ја остварија и 16-тата победа во тековната сезона од домашната Суперлига. Вечерва на гостувањето против Струга, Алкалоид славеше со високи 20:41.

Во првото полувреме Алкалоид не препушти ништо на случајноста, па направи комотна разлика со која си обезбеди прилично мирно второ полувреме. Стружани беа запреи на само 9 гола, додека Алкалоид постигна дури 20. Слична беше сликата и во вториот дел, па на крајот и оние кои имаат помала минутажа добија простор за докажување.

100% во нападот на Алкалоид беше Тордарсон кој постигна 7 гола од исто толку обиди, додека Петковски и Ѓорговски завршија со по 5 постигнати гола. Кај Струга четири погодока имаше зад името на Наум Костов.

ПретходноБитолчани во последните седум минути го „скршија“ Прилеп
СледноИнцидент на трибините во Куманово, Пелистер се повлече (ВИДЕО)