Тиквеш денеска промовираше три засилувања. Се разбира дека со нив кавадарчани ќе бидат поквалитетни.
Фоде Камара има 23 години, доаѓа од ES Mostaganem и е подготвен да ја зацврсти средината на теренот. Со него во тимот, гледаме кон нови победи и успешна сезона.Исто така тој е член и на Фудбалската репрезентација на Гвинеја!
Муса Гуел е роден во 1999 година, искусен напаѓач кој доаѓа со богато интернационално искуство од Франција и Турција, играјќи за клубови како Bourg-en-Bresse, Samsunspor, USL Dunkerque, Red Star FC и Paris 13 Atl..
Со неговата брзина, техника и креативност на крилото, Mouusa ќе донесе ново ниво на сила и динамика во тимот.
Нфанли Сила е роден на 02/02/2005 година во Гвинеја, талентиран десен крилен напаѓач со висок потенцијал, кој доаѓа од клубот Keciorengucu и е поранешен репрезентативец на Гвинеја U20.















