Хоакин Торес го комплетираше трансферот во Вардар, тренира во опремата на Мато! (ФОТО)

413

Сега може да се каже дека Хоакин Торес и официјално и дефинитивно е нов член на Вардар. Аргентинецот го комплетираше трансферот во нашиот најтрофеен клуб, а интересно е тоа што тој тренира со опремата на Роџерс Мато со бр.47. Да потсетиме дека Мато оваа зима се пресели во шкотски Хартс.

Торес е најавуван како големо засилување за тимот на стратегот Гоце Седлоски. Доаѓа од клубот Амазонас од Бразил а претходни играл за Филаделфија во МЛС значи играл и против својот сонародник Лео Меси против Интер Мајами.

Кога сме кај Меси да споменеме дека тој со своите 170 см е „џин“ во однос на Торес кој е висок само 165 см и веројатно е најнискиот играч во ПМФЛ оваа пролет.

No description available.

ПретходноАрбелоа му врати на Флик:“Прашајте ја Барселона“! (ВИДЕО)
СледноФФМ со донација, а ОФС Кавадарци јавно му се заблагодари!(ФОТО)