Ракометарите на Е. Пелистер вечерва многу потешко од очекуваното дојдоа до победа против Прилеп во мечот од новото 21-во коло во домашниот шампионат. Битолчани славеа со 32:27, но вреди да се напомене дека прилепчани го држеа мечот во егал се до последните седум минути, кога на семафорот стоеше 25:24.
Откако видоа дека во финишот се може да се случи, домаќините додадоа „гас“ и успеаја да дојдат до комотна предност која на крајот изненасуваше пет гола.
Филип Кузмановски со 9 погодоци беше најефикасен кај „зелено-белите“, додека кај гостите од Прилеп, Димитар Димитриоски заврши со 8 погодока.










