Европскиот шампион падна кај Рен, Ленс го напаѓа врвот во Лига 1

37
фото: MadeInFOOT @madeinfoot (X)

Фудбалерите на Рен го победија Пари Сен Жермен на „Роасон Парк“ со 3:1 во натпреварот од 22-то коло од Лига 1 и направија вистинска мешаница на врвот на табелата.

Без Жереми Жак и Пжемислав Франковски, Рен го пречека шампионот на Франција и Европа и покажа колку вреди. Без преценување на ривалот, домашните успеаја комплетно да го надиграат ѕвездениот гостински состав.

Тамари во 34-тата минута го отвори резултатот за 1:0 за домашните, а во вториот дел Лепол во 69-тата минута зголеми и на 2:0.

Надеж за домашните даде Дембеле со голот за 2:1 во 72-та минута, по што следуваше голот на Емболо во 81-та минута за конечни 3:1.

Овој триумф најмногу му оди во прилог на Ленс, кој може да ја преземе лидерската позиција на крајот од ова коло ако го добие Париз на гостински терен.

ПретходноТотенхем се договорил со Тудор да ги спасува од испаѓање
Следно„Чкембари“ останаа пред салата во Куманово и порачаа: Се уште чекаме!