МЗТ Скопје му покажа кој е кој на Работнички! (ФОТО)

95

МЗТ Скопје е вториот полуфиналист во Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Бууштур“. “Металците“ славеа убедлива победа во вечното дерби против Работнички во вториот четвртфинален меч денеска во Куманово, со 100:69.

Некогаш ова беше “вечно“ дерби, а сега ни Д од дерби.

Па така во полуфиналето актуелниот шампион во полуфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот меѓу Маџари и Кожув.

Работнички колку и да се трудеше, а се трудеше и тоа како, покажаа кошаркарите на овој тим голема борбеност, сепак квалитетот на големиот фаворит едноставно беше пресуден.

Интересно беше во првата четвртина, Работнички не дозволи противникот резултатски да се “одлепи“ па така овој прв период заврши со 25:24 за “металците“. Така беше и на почетокот од втората четвртина, Ефремовски со “тројките“ го држеше Работнички во “игра“, но како што одминуваше времето МЗТ Скопје успеваше напад по напад да ја билда разликата во своја корист. Па така на пауза се замина со +11 за “металците“.

И кога се чинеше дека МЗТ Скопје рутински ќе го приведе мечот до крајот, Работнички како да се закани во последните секунди од третиот период кога дојде само на -9 или 69:60.

Да кажеме дека на паузата во салата во Куманово пристигнаа фанови на двата тима па во секој случај беше поинтересно за разлика од првото четвртфинале.

На почетокот од последната четвртина “металците“ како да префрлија во поголема брзина, едноставно не му дадоа шанса на противникот ни да се понадева дека може да дојде до било каква сензација.

На крајот МЗТ Скопје дојде и до (пре)убедлива победа.

Инаку најефикасен на мечот беше Ефремовски кој за Работнички уфрли 26 поени, додека кај победникот Смит-Мекејвен запиша 17 поени.

May be an image of basketball and text

May be an image of basketball and text

May be an image of basketball and text

May be an image of basketball and text that says 'MZTSHOOE MZT SKOPE'

May be an image of basketball and text

May be an image of basketball and text that says 'MZT'ORI 2 IIT AD IT A'

Претходно“Марка“ за Муринен: “Целосно фијаско!“
СледноЗимски Олимписки (кошаркарски) Игри во Куманово