Надал смета дека Новак не може да дојде до 25-тиот гренслем трофеј: “Готово е, имаше шанса во Мелбурн!“

125
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Зборови кои тешко ќе им паднат на фановите на Новак Ѓоковиќ, на најдобриот тенисер на сите времиња. Имено поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал, еден од најголемите во историјата, изјави дека со поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен практично ги изгубил сите шанси да ја освои долгоочекуваната 25-та гренслем титула.
Иако ја заврши својата исклучително успешна тениска кариера на крајот од 2024 година, Надал сè уште е вклучен во спортот на кој му го посвети својот живот.
Пред десет дена, тој беше во Мелбурн, гледајќи го финалето на Новак против Карлос Алкараз, а сега, по добротворниот голф турнир во Мадрид, изрази песимистички став за трката на Ѓоковиќ за 25-от Гренд Слем.
„Готово е. Не мислам дека треба да го анализираме тенисот само врз основа на тоа кој ќе победи. Тој имаше шанса во Мелбурн, а во оваа фаза од неговата кариера, да бидам искрен, нема многу шанси. Сепак, она што го постигнува е апсолутно восхитувачко“, рече Надал.
Потоа Шпанецот сподели како се чувствува на крајот од својата кариера.
„Се чувствувам помирно, без никакви чудни чувства, бидејќи моето време тука заврши точно како што требаше. Ја продолжив кариерата подолго отколку што можев да замислам. Сега сум целосно среќен што ги гледам моите колеги како успеваат и, на некој начин, уживам во нивниот успех“, изјави тој.
Да ве потсетиме дека во текот на 18-те години соперништво, Ѓоковиќ и Надал одиграа дури 60 дуели, а српскиот тенисер има уште два триумфа повеќе.

ПретходноМасар Омерагиќ: Силни противници, но вистински тест за Македонија!
СледноТудор на клупата на Тотенхем!