Куманово е последниот патник во полуфиналето во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако славеше против Пелистер со 66-75. За место во финалето ќе игра против ТФТ. Луковиќ со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Малешевиќ запиша 22 поени.
На оваа средба имаше од се по нешто. Од инцидент, прекин и на крајот драма.
Неславен почеток на последната четвртфинална пресметка меѓу Пелистер и Куманово, после пет и пол минути игра при 6-8 дојде до инцидент на трибините, после влегувањето на фановите на битолскиот тим, а кратко потоа, Пелистер се повлече во соблекувалната. Причината беше навредливите зборови кои фановите на Куманово ги испратија до нив. Според сите пропозициите, битолчани имаа шанса да се вратат на терен за 15 минути, тоа го сторија во име на спортот одлучија да го доиграат мечот. Ќе беше голема штета доколку одлуката беше спротивна бидејќи дури последниот меч од првиот ден понуди вистинска драма, но и навивачка приказна, со исклучок на инцидентот.
Првото полувреме мина изедначено, ниту еден од двата тима немаше поголемо водство од шест поени. Пелистер ја добија првата четвртина со минимални 18-17. После 35-30, Куманово успеа да се консолидира и да ги преживее бројните офанзивни скокови на битолчани. Со серија од 6-1 израмни н 36-36. Најдобриот кошаркар на Пелистер, Малешевиќ постигна важна тројка за 41-37 на одморот.
Очекувано, веќе во третата четвртина на теренот владееше голема тензија. Минималната предност ја имаше Пелистер, Митревски со пет поени во низа донесе плус 6 (56-50) на минута и пол до крајот на овој период. Радукиќ и Луковиќ пред стартот на последните десет минути намалија на 56-54 за вистинска драма.
Стевановиќ и Радукиќ со две тројки донесоа нов пресврт, Даскаловски заработи втора техничка грешка откако протестираше кон чудните одлуки на судиите, па Куманово ја искористи ситуацијата за да поведе со плус 9 (64-73) на 2:20 до крајот. Ова беше и клучниот момент на мечот. Битолчани беа излезени од колосек, а Куманово на крилата на своите фанови иташе кон победата.










