Симеоне: Фантастична победа, но има и реванш

30

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не можеше да го скрие своето задоволство по убедливата победа на неговиот тим од 4-0 над Барселона во првото полуфинале од Купот на Кралот.

„Мислам дека на нашите навивачи им се потребни вакви натпревари. Тие нè туркаат напред со години и секогаш се тука за нас. Тие заслужуваат големи натпревари“, рече тренерот на Атлетико.

„Во првото полувреме игравме многу добро, многу добро читајќи ја играта. Бевме многу ефикасни и ја задржавме смиреноста пред голот. Првото полувреме беше навистина силно“, продолжи Чоло.

„Знаевме дека нема да се откажат. Тие имаат квалитет да се справат со секој проблем и така започна второто полувреме. Имавме моменти кога можевме подобро по паузата. Второто полувреме не беше како првото, но момците одиграа исклучителна игра“, истакна Симеоне.

„Знаеме против кого играме. Не можеме да се опуштиме. Има многу време до реваншот, но денес им донесеме радост на нашите навивачи – тие ја заслужуваат“, заклучи Аргентинецот.

Реваншот на „Камп Ноу“ е за три недели.

ПретходноХисејини: Задоволен сум од прикажаното на мечевите против Австрија
СледноЗОИ:Ставре Јада заврши на 83-то место во крос – кантри!