Спортистите на ЗОИ 2026 имаат на располагање 10.000 кондоми!

83
ФОТО:facebook.com/OlimpiadiMilanoCortina2026

Ништо невообичаено во светот на младите спортисти, во време на едни ЗОИ во Милано-Кортина, впрочем, како и на последните ЛОИ и ЗОИ. Организаторите, во согласност со долгогодишната пракса, обезбедија речиси 10.000 кондоми за спортистите кои настапуваат во Италија.
Поточно, повеќе од 9.700 машки и женски кондоми се веќе достапни во кластерите во Милано, Кортина, Бормио и Ливињо.
На Игрите учествуваат околу 2.900 спортисти од 92 национални олимписки комитети, па затоа е јасно дека „понудата“ ќе биде широка ако некој сака да се забавува по натпреварот. Овие Игри се меѓу територијално најраспространетите во историјата, бидејќи настаните ќе се одржуваат на исток и запад од италијанските Алпи, во бројни зимски центри.
Но, организаторите мислиле за сè. Ако залихите од кондоми се при крај, спортистите ќе можат да добијат дополнителни количини – доволно е да ги побараат. Не е тајна дека сексот е една од суштинските теми за време на Олимписките игри.
Многу спортисти живеат аскетски живот во текот на целата година – внимаваат на својот сон, избегнуваат забави, тренираат дисциплинирано и се фокусираат исклучиво на својата форма.
И потоа, штом ќе ги завршат своите настапи, притисокот се намалува.
Неколку пијалоци, малку релаксација и како што обично се случува – едно води кон друго.

Портпаролот на Милано-Кортина 2026 изјави: Во согласност со традицијата за време на Олимписките игри, на спортистите историски им е обезбеден бесплатен пристап до кондоми во олимписките села како дел од превентивните мерки“.
За споредба, за време на Летните олимписки игри во Париз 2024 бројките беа значително повисоки.
Во тоа време, дури 200.000 машки кондоми, 20.000 женски кондоми и 10.000 орални брани беа обезбедени за 10.500 спортисти во Олимпиското село.

ПретходноКикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!
СледноУбави вести од НБА: Топиќ го победи ракот и дебитираше за Оклахома, Леброн со нов рекорд (ВИДЕО)