Последниот четвртфинален натпревар помеѓу Пелистер и Куманово во рамките на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ се игра пред полни трибини, но без фановите на битолчани.
На стартот на дуелот дојде до инцидент на влезот каде што требаше да влезат „Чкембари“, по што полицијата одлучи да не ги пушти во сала. Одлуката не се промени ниту после полувремето, а фановите на Пелистер се огласија преку социјалните мрежи порачувајќи дека се уште чекаат да влезат. Но, се чини денеска нема да ги бодрат своите кошаркари.










