Зимски Олимписки (кошаркарски) Игри во Куманово

146

Од денеска до недела, Куманово е во епицентарот на кошаркарските случувања во нашата земја. Во овој град се одржува Купот на Македонија, натпреварување кое е посебно, натпреварување кое заслужува да се игра во нормални услови.

Зошто велиме нормални услови?

Салата во Куманово која летово беше промовирана во ново руво, не ги исполнува нормалните и професионалните услови.

Зимно време е камен ладно, летно време е пеколно топло. За жал, не се најде начин како да се реши овој голем проблем.

Денеска во салата во Куманово, Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ се игра во камен ладна сала. Тајфуни нема, не знаеме од која причина. Ако си статичен, поточно не трчаш на теренот или ако не си тренер за да те држи адреналин, тешко тебе.

Сето ова е голема штета бидејќи салата е одлично реновирана, а Куманово секогаш бил синоним за гостопримлив град и прекрасни луѓе. Па токму немањето на греење или ладење е нешто што не смеат да си дозволат во овој момент, особено не за сериозни натпреварувања.

ПретходноМЗТ Скопје му покажа кој е кој на Работнички! (ФОТО)
СледноАрбелоа му врати на Флик:“Прашајте ја Барселона“! (ВИДЕО)