ЗОИ 26: Клаебо се запиша во историјата, oсмо злато за Норвежанецот!

27
фото: FIS Cross-Country @FISCrossCountry (X)

Норвешката ѕвезда во крос-кантри скијање Јоханес Клаебо денес додаде уште една победа во трката на 10 км слободен стил кон своите олимписки победи во скијатлон и спринт, изедначувајќи го рекордот за најмногу златни медали на Зимските олимписки игри – осум.

Французинот Матис Деслож беше втор, а сонародникот на Клаебо, Ејнар Хедегарт, трет. Со денешниот осми златен олимписки медал, 15-кратниот светски шампион се израмни со сонародниците Марит Бјерген и Бјорн Дели на вечната листа на ЗОИ, како и со биатлонецот Оле Ајнар Бјорндален, кои имаат по 8 злата.

Со оглед на тоа што 29-годишникот има уште три трки пред крајот на Игрите – покрај поединечната трка од 50 километри, класичната штафета и екипниот спринт – се чини многу веројатно дека наскоро и самиот ќе го заземе врвот на ранг-листата.

ПретходноСудии за 18.коло во ПМФЛ: Трпчевски “главен“ на дербито во Струга
СледноБитолчани во последните седум минути го „скршија“ Прилеп