На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83-то место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка.
Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026.
Иако патот до врвот е тежок, нивниот настап е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена.
Ана и Ставре го дадоа своето најдобро!










