Кожув ја доби драмата со Маџари за полуфинале со МЗТ Скопје

24

Кожув и Маџари одиграа интересен четвртфинален меч во рамките на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Победникот од оваа пресметка е гевгелискиот тим, кој славеше против дебитантот со 84-80 и во полуфиналето ќе се сретне со МЗТ Скопје.

Симиќ со дабл-дабл од 21 поен и 14 скока беше лидер кај победникот, на друга страна Луис имаше 19 поени.

Гевгеличани подобро влегоа во мечот, отворија со 17-5 после пет минути игра, период во кој противникот имаше проблем во нападот. Првата четвртина заврши со 27-16. Во следната четвртина дебитантот во Купот на Македонија, го подигна нивото, дојде на минус три (38-35), но не ги искористи шанси да приреди пресврт. Кожув остана стабилен и на одморот успеа да замине со водство од 45-37.

Очекувано, Маџари се издигна после одморот. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ приредија неверојатна серија од 14-0 за водство од 53-61 во 27. минута. Кожув првите поени ги постигна дури после четири минути (55-61).

Сепак, гевгеличани не дозволија мечот да биде прерано решен. На стартот на последната четвртина со серија од 8-0 го вратија водството 72-68. На другата страна Маџари беше тимот кој влезе во поентерска криза. Првите кош во овој период го постигна после нецели пет минути за 72-70. Но, ова не беше доволно, гевгеличани беа посигурни, порешителни и поборбени, во 37. минута водеа со 81-73. Тодоровиќ се обидуваше да ги разбуди своите кошаркари, тоа му успеа во последната минута и пол. Димчевски при 83-80 двапати не успеа да израмни, измеѓу неговите два обида, Луис направи чекори, за три пропуштени шанси за егал. Кожув со едно слободно ја осигура победата и пласманот во полуфинале.

ПретходноОчекувано и сега е официјално: Гидсел е најдобар ракометар во светот за 2025!
СледноСудии за 18.коло во ПМФЛ: Трпчевски “главен“ на дербито во Струга