Костадинов на позајмица во Словачко! (ФОТО)

187
ФОТО:facebook.com/fcslovacko.cz/

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов (29) од синоќа е нов член на Словачко. Играчот за врска, кој во изминатиот период беше дел од составот на Сигма, пратен е на позајмица во тимот на Словачко, клуб исто така од Чешка во кој настапува и неговиот соиграч од репрезентацијата на Македонија, Андреј Стојчевски.

Поради ширината на нашиот ростер и интересната понуда што ја добивме, одлучивме да го пратиме на позајмица Тихомир Костадинов“ изјави спортскиот менаџер на Сигма, Павел Хапал. Исто така од медија – тимот на Словачка, Македонецот беше претставен како нов член на овој клуб. Се потенцираше дека Словачко добива квалитет во средниот ред со доаѓањето на Костадинов кој ќе биде нивни член се до крајот на оваа тековна сезона.

Инаку Костадинов има 35 настапи за нашата репрезентација, а според медиумите во Чешка, негови силни страни се напорната работа и динамика, како и ефикасно извршување на задачите како во одбраната така и во нападот.

ПретходноУбави вести од НБА: Топиќ го победи ракот и дебитираше за Оклахома, Леброн со нов рекорд (ВИДЕО)
СледноКумановскиот маратон може да почне: Осум тима – една желба!