Фудбалерите на Милан ја продолжија својата фантастична серија без пораз, откако вечерва на гостувањето кај Пиза славеа со 2:1.
Стрелец на победничкиот гол во 85-тата минута беше хрватскиот ветеран Лука Модриќ. Со својот втор гол во првенството, тој донесе победа за својот тим. Со оваа победа, Милан запиша важни бодови во борбата за титулата во Серија А, и со тоа остана пет бода зад Интер.
Ова беше натпревар во кој Милан се мачеше во текот на целиот дуел. Рубен Лофтус-Чик му донесе водство на Милан во 39-тата минута, но во продолжението по жестока борба Пиза израмни со голот на Фелипе Лојола за 1:1.
Одлуката падна во финишот со голот на Модриќ за продолжение на фантастичната низа без пораз на „росонерите“.










