Ветеранот и еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Крис Пол, одлучи да ја заврши својата славна кариера.
Искусниот 40-годишен Пол ја донесе оваа одлука по неочекуваните потези на тимовите во последниот период од сезоната и првично се очекуваше да ја заврши кариерата во Лос Анџелес Клиперс, но турбулентниот крај на сезоната 2025-26 доведе до негово разделување од тимот.
Потоа беше продаден на Торонто Репторс, но на Репторс им беше јасно дека не е обврзан да се приклучи на тимот, па го отпуштија.
„Тоа е тоа! По 21 година, се повлекувам од кошарката. Додека го пишувам ова, тешко ми е навистина да знам како се чувствувам, но – и ова ќе ги изненади повеќето – сè уште немам одговор!“, напиша Пол на Инстаграм.










