Челзи и Рексам први осминафиналисти во ФА Купот

47
фото: Chelsea FC @ChelseaFC (X)

Челзи без големи проблеми се пласираше во осминафиналето на ФА Купот откако вечерва како гостин славеше кај Хал Сити со 4:0. „Сините“ успеаја да поведат со голот на Педро Нето на пет минути пред крајот на првото полувреме, а веќе во вториот дел комплетно го разбија противникот.

Со својот втор гол во 50-тата минута, Педро Нето зголеми на 2:0, а потоа следуваа и погодоците на Естевао и третиот гол на Нето за конечни 4:0.

Пласман во осминафиналето оствари и второлигашот Рексам, кој успеа со 1:0 на домашен терен да го совлада Ипсвич. Интересно, велшкиот состав по пауза од скоро 30 години ќе има шанса повторно да дојде до четвртфиналето на најстарото фудбалско натпреварување, што е досега и најголем успех на клубот.

ПретходноЛШ: За ПСЖ 144.400.00 евра, Динамо со 39 милиони, а Ц.Звезда со 32 милиони евра… (ФОТО)
СледноМодриќ како старо вино, му донесе победа на Милан