Задоволен од триумфот од 4:1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, го пофали карактерот што го покажаа неговите фудбалери.
„Овие победи се повеќе од три бода, бидејќи во вакви ситуации тимот покажува карактер. Дури и во моментот кога го примивме голот, им реков на играчите да веруваат, бидејќи во македонската лига има многу малку тимови кои можат да издржат две полувремиња против нас. Бев свесен дека во второто полувреме ќе имаме многу повеќе. Секако, задоволен сум од натпреварот и победата, освен во две ситуации во првите минути кога, по наша вина, противникот ни создаде проблеми. Но, од друга страна, кога правиме грешки и примаме гол, карактерот на тимот доаѓа до израз.“















