Мециновиќ се врати во Скопје

100

Искусниот 35-годишен централен бек, Јасмин Мециновиќ е новоз асилување за второлигашот Скопје. Тимот кој сериозно се засилува во пресрет на второлигашката пролет, денеска го доби назад својот некогашен првотимец.

„Се вели дека домот е таму каде што е срцето, а моето срце секогаш остана тука, во ФК Скопје. Пресреќен сум што повторно го облакам овој дрес и што се враќам во клубот каде што почнав да градам сè. ​Како одбранбен играч, мојата задача е јасна – да бидам столбот на тимот и да не дозволам ништо да помине низ нашата линија. Се враќам поискусен, помотивиран и подготвен да „гинам“ на теренот за овие бои. ​Одиме заедно во нови победи! ФК Скопје над сè!“, пораче Мециновиќ.

Мециновиќ се враќа во Скопје по три години од неговото последно облекување на овој дрес.

ПретходноБеќири: Овие победи се повеќе од три бода
СледноФлорентино знае што сака: Само еден стопер е приоритет!