ПМФЛ: Тиквеш само го налути шампионот, тетовска доминација за убедлива победа среде Кавадарци!(ВИДЕО)

217
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Тиквеш – Шкендија 1:4. Ова е исходот од првиот меч од 18.коло. Кавадарчани поведоа со 1:0 во 24.минута преку Стојкоски, но тоа само како да го налути избраниците на Јетон Беќири, кои како да префрлија во поголема брзина и со пресврт дојдоа до убедлива победа.

Ова беше убаво загревање за Шкендија пред првиот меч со Самсунспор во ЛК во четврток во Скопје.

Тиквеш имаше зицер уште во 7.минута, кога Мартин Стојанов само од 2-3 метри од голот на гостите шутираше во Гаје. Следуваше ударот на Бесарт Ибраими со глава, но тоа беше слабо и непрецизно. Тиквеш опасно се закани по центаршутот на Тодоров, но Мелиќи ја отстрани опасноста. И конечно го, и тоа за Тиквеш за радост на домашните фанови. Најдовски ја започна акцијата, ја продолжи Мартин Стојанов а Кристијан Стојкоски во манир на расен стрелец “тресе“ за 1:0 за Тиквеш. Ова е првиот гол на кавадарчани во шестиот меч против Шкендија во низа.

Вебстер и Љатфи со опасни удари кон домашниот гол, но израмнување немаше. И кога се чинеше дека на пауза ќе се замина со тие 1:0, Бесарт Ибраими одлично нафрли пред голот на домашните, а таму Фабрис Тамба со шут со глава го израмнува резултатот на 1:1.

Само што започна второто полувреме, тетовци прават пресврт. Ибраими од корнер а таму на втората статива Мелиќи високо скокна и со убав шут со глава ја тресе мрежата на Тиквеш за 1:2.

Следуваше шансата за Зејнулаи за 1:3, но играчот за врска немаше среќа.

Шкендија не попушта, Тиквеш како да беше шокира, а Ибраими во 65.минута опасно и силно шутираше, ама голманот Тасев со фантастична парада ја сочува својата мрежа.

Но, не успеа во 65.минута кога Љатифи ја уфрли топката во казнетиот простор, Ибраими ја прескокна а Зејнулаи со максимално прецизен удар погоди за 1:3. Апсолутно заслужено.

Шкендија во оваа фаза од мечот едноставно покажа кој е шампион.

И тоа не беше се. Ндзенгуе повторно стрелец, како и против Струга ТЛ, сега и со Тиквеш за 1:4 во 76.минута, негов втор гол во својот втор настап.

Да кажеме и тоа дека Ване Крстевски ги одигра последните минути од овој меч за Шкендија, ова е негово враќање на терените на официјален меч по повредата со која се здоби во ноември минатата година.

 

 

 

ПретходноИнспирирани од историјата: Еве зошто Барса верува дека може до пресврт против Атлетико Мадрид!
СледноНавивач на Пелистер вчера бил приведен во Куманово!