Денеска на Зимските Олимписки Игри натсапи и третиот македонски олимпијец. Виктор Петков за првпат во својата кариера е дел од ова големо натпреварување.
Тој настапи на денешната прва велеслаломска трка во конкуренција на 81. натпреварувачи и врвни имиња во овој спорт.
Нашиот Петков оствари време од 1:27.36, зад лидерот заостана +13.44. Тој заврши на 57 позиција. За македонскиот олимпијец ова е успешен настап, со оглед на тоа дека голем број од учесниците на успеаја да ја завршат трката, меѓу кои и познати имиња.
Тој ќе настапува и на втората денешна трка, на која право имаат сите натпреварувачи.
Браво за Петков.










