Ливерпул рутински ја совлада екипата на Брајтон со 3:0 и се пласираше во осминафиналето на ФА Купот. Избраниците на Арне Слот одиграа навистина одличен натпревар и постигнаа 5 погодоци од кои два им беа поништени.
Куртис Џонс го постигна првиот гол на мечот во 42-та минута и ја најави доминацијата на „црвените“. Во вториот дел Ливерпул ја запечати судбината на Брајтон со головите на Собослај во 56-тата и Салај во 68-та минута од пенал.
Својот противник во четвртфиналето, Ливерпул ќе го дознае вечерва.










