МЗТ Скопје А. со една фуриозна четвртина до ново финале во Купот

64

Актуелниот бранител на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија – „Благоја Георгиевски – Буштур“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе ја има можноста утре да го одбрани трофејот, откако во првиот полуфинален меч на завршниот турнир во Куманово, денеска славеше над Кожув со 76:58.

Убедливиот настап демонстриран уште во првите 20 минути од натпреварот, беше потврден со сигурното второ полувреме, во кое „металците“ само ја одржаа направената разлика. Клучна денеска беше втората четвртина од мечот, кога МЗТ Скопје направи разлика од 16 поени и практично се вивна на патот до големото финале. Шутерски расположените Магдевски и Смит-Мекевен успеаја да ја направат разликата со противникот, која во вториот дел беше практично недостижна.

Мекевен средбата ја заврши со 12 поени, додека Магдевски постигна 11, а Дамјан Стојановски 10 поени. Кај екипата на Кожув 15 поени останаа запишани зад името на Кузманов.

МЗТ Скопје А. за противник во големото утрешно финале го очекува подобриот од вечерната полуфинална пресметка меѓу ТФТ и МКК Куманово.

ПретходноАпсења во Англија поради анти-геј скандирања кон навивачите на Челзи!
СледноНеверојатно: Томас Франк за осум месеци работа го чини Тотенхем 26 милиони евра!