Ројевиќ: Ги повикувам навивачите да направат атмосфера како против Пелистер

50
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

ГРК Охрид денеска на домашен терен го игра првиот осминафинален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, противник е тимот на Дукла Прага. Македонскиот тим има ростер за високи дострели, не само во домашниот шампионат, туку и на европска сцена, па очекувањата се големи.

Тренерот, Борис Ројевиќ вели дека противникот е сериозен, но потенцира дека се подготвени за денешната средба која стартува во 18 часот.

„На гости ни доаѓа сериозен противник, кој двапати беше шампион на Европа. Дукла е сериозна екипа, со тројца репрезентативци на Чешка и селекторот на репрезентацијата, клуб со голема традиција и ние едвај чекаме натпреварот да започне. Ги повикувам нашите навивачи да ја наполнат салата и да направат атмосфера како против Еурофарм Пелистер, тоа нам многу ќе ни значи. Имавме некои промени во ростерот, формата можеби не ни е на посакуваното ниво, но ние сме спремни за овој предизвик“, изјаави тренер Борис Ројевиќ. 

ПретходноВиктор Петков дебитираше на Зимските Олимписки Игри
СледноСамсунспор го избрка тренерот пред двомечот со Шкендија во ЛК!