Веројатно по малку неочекувано, ама е официјално. Противникот на Шкендија во нокаут – фазата од плеј – офот во Лигата на Конференции, Самсуспор, се одлучи да се раздели со својот тренер, Томас Рајс. И официјално раководството на клубот на своите социјални мрежи објави дека Рајс не е веќе тренер на Самсунспор и дека му се заблагодарува на Германецот за се она што тој го направил за клубот во изминатата година и половина.
Ова доаѓа по двата едноподруго порази на Самсунспор и тоа прво од Трабзонспор дома со 0:3 и синоќа на гостувањето кај Анталијаспор со 3:1.
Ова значи дека Самсунспор во Скопје доаѓа со нов тренер, а првиот меч се игра во четврток на Национата Арена „Тодор Проески“ со почеток од 21 часот.
Дали ова е доказ дека турскиот тим е во криза и дека шансите на Шкендија за пласман понатаму се зголемуваат.










