Словенечкиот ски-скокач Домен Превц стана олимписки шампион на големата скокалница во Предацо благодарение на фантастичниот скок во финалната серија. Во финалето, тој прескокна неверојатни 141,5 метри и успеа да го победи Рен Никаидо. Јапонецот на крајот мораше да се задоволи со второто место и сребрениот медал.
Најдобриот скокач оваа зима направи мала грешка во првата серија, но сепак скокна 138,5 метри и го освои второто место, но разликата зад Рено Никаидо беше доста голема, цели седум поени. 26-годишниот словенечки шампион покажа во финалето дека има челични нерви, бидејќи го изведе најдобриот скок на оваа скокалница.
Бронзениот медал повторно изненадувачки го освои Полјакот Кацпер Томасјак.










