Куманово и МЗТ Скопје се двата тима кои утре ќе се борат за Куп трофејот. Домаќинот на ова натпреварување во драматичен меч го победи ТФТ со 79-87 за прво финале во својата историја.
После мечот, тренерот на скопскиот тим, Боро Смилковски испрати комплименти до публиката за фантастичната атмосфера која ретко се гледа низ годините во македонската кошарка, им пружи рака на Куманово за победата посакувајќи им среќа во финалето, но не ги криеше своите замерки за начинот на кој судиите ја делеа правдата во текот на мечот.
„Вечерва победи кошарката, единствени губитници се судиите“, е дел од изјавата на Смилковски после полуфиналето, истата можете да ја слушнете изворно во видеото во продолжение.
View this post on Instagram










