Србија во тага: Згасна животот на некогашна тенисерка

301

Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица на 47 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата Белград.

Несреќата се случила кога се судриле патничко возило и камион.

Пожарникарите од Кошутњак, Железник и Раковица пристигнале на местото на настанот во 21:16 часот, каде што пронашле две лица заробени во патничкото возило.

Јечменица некогаш била 72-рангирана тенисерка во светот, а подоцна станала главен тренер на српскиот тим на ФЕД Купот.

Родена е на 4 јули 1978 година во Нови Сад. Во својата кариера, освоила шест Челинџери и имала две победи во главните ждрепки на Гренд Слем турнирите – на Отвореното првенство на САД во 1995 година и на Ролан Гарос во 1996 година.

ПретходноСловенечки тренер избркан од ЗОИ 26 поради алкохолизам
СледноДрама во ПСЖ после поразот: На Луис Енрике не му се допадна изјавата на Дембеле