ФА Куп: Бизо ја уништи Астон Вила, Тонали го лансираше Њукасл во осминафинале

71
фото: Newcastle United @NUFC (X)

Фудбалерите на Њукасл се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако ја елиминираа Астон Вила на „Вила Парк“ победувајќи ја со 1:3.

Домаќините тргнаа одлично и во 14-тата минута ново-старо засилување Тами Абрахам погоди за 1:0. Играа одлично и во продолжението, се до финишот на првиот дел кога голманот Марко Бизо очајно реагираше и го собори Џејкоб Марфи на 40 метри од својот гол и доби директен црвен картон.

Од тој момент, Њукасл го здроби противникот. Во 63-тата минута, не беше досуден чист пенал за Њукасл поради играње со рака. Немаше ВАР за да се поништи одлуката на судијата Крис Кавана, но од тој прекин Сандро Тонали го постигна израмнувачкиот гол и правдата беше задоволена.

Во 76-тата минута, Италијанецот постигна уште еден гол, и тоа одличен. Ник Волтемаде заврши сè во 88-тата минута.

ПретходноСловенецот Превц е нов олимписки шампион во ски-скокови
СледноКуманово во транс – преку ТФТ до прво Куп финале!