“Чкембари” со реакција: Ова не е организациски пропуст, туку непочит кон навивачите

118

Откако вчера не им беше дозволено да влезат во салата во Куманово, “Чкембари” денеска се огласија на социјалните мрежи. Тие порачаа дека со затворени трибини нема ништо да постигнат, од домаќинот бараат објаснување зошто не им беше дозволено да го бодрат Пелистер. Во продолжение ви го пренесуваме во целост ставот на битолските фанови:

НЕСПОСОБНА КУМАНОВСКА ПОЛИЦИЈА!

Навивачката група Чкембари остро реагира на настаните што се случија вчера при нашиот влез во салата во Куманово, кога на веќе пријавено и одобрено гостување во МВР ни беше соопштено дека не можеле да ни гарантираат безбедност и поради тоа не бевме примени.

Недозволиво е луѓе да земаат слободни денови, да губат од својата работа, да патуваат стотици километри со љубов кон клубот, за на крај да останат пред врата. Ова не е организациски пропуст, ова е непочит кон навивачите.

Безбедноста не смее да биде изговор за импровизација и недоследност. Ако гостувањето е дозволено и потврдено, тогаш мора да постојат услови тоа да се реализира. Сè друго е срамота и понижување за сите што живеат за клубот.

Очекуваме јасно објаснување и одговорност за оваа одлука, како и гаранции дека вакви ситуации нема да се повторат.

Трибината не се замолчува со затворени врати.

– WE JUST KEEP COMING

– ЕДНАШ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ

ПА ГИ НЕМА СТО ЛЕТА

Кумани – ХАЛЕЕВА КОМЕТА.

ПретходноЗОИ 2026:Петков ги извозе двете трки и заврши на 55.место во велеслалом! Златото замина во Бразил
СледноУ-16: Македонија со “петарда“ ја декласира Малта!