Албан Таипи е нов член на украински прволигаш

64
ФОТО: KF Arsimi/FB

Македонскиот фудбалер, Албан Таипи својата кариера ќе ја продолжи во украинскиот шампионат. 22-годишниот фудбалер го напушти тимот на Арсими и потпиша договор со Кудривка, тим кој се натпреварува во украинската Премиер-лига и се наоѓа во долниот дел од табелата.

„Централниот напаѓач има искуство играјќи за клубови во Македонија и Унгарија. Во првиот дел од оваа сезона, тој постигна 6 гола и 2 асистенции во 16 натпревари за Арсими во првата лига на Македонија.

Му посакуваме на Албан успех во Кудривка и светла игра во елитата на украинскиот фудбал“, стои во известувањето на украинскиот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC KUDRIVKA (@fc.kudrivka)

Таипи в својата кариера има настапувано за Детонит Плачковица, Беса од Добри Дол, Ренова, како и за унгарските тимови на Халадаш и Сентлеринец.

ПретходноМодриќ е третиот најстар стрелец во историјата на Серија А!
СледноВиктор Петков дебитираше на Зимските Олимписки Игри