ЗОИ 2026:Петков ги извозе двете трки и заврши на 55.место во велеслалом! Златото замина во Бразил

77

Македонскиот скијач и учесник на ЗОИ 2026, Виктор Петков денеска ги извозе двете трки во велеслалом во алпско скијање и на крајот заврши на 55.место. Петков по првата трка беше на 58.место, за да во втората трка го подобри својот пласман за три места.

Македонецот имаше 23,37 секунди послабо време од победникот Братен Пињеиро од Бразил.

Па така Бразилецот го освои златниот медал, среброто му припадна на Марко Одермат а бронзата на Лоик Мејар.

Секако дека ова е голема сензација на ЗОИ, Бразилец да биде најдобар во една од најтешките алпски дисциплини, тоа е феноменален успех за Бразил како земја и спортска нација.

ПретходноНавивач на Пелистер вчера бил приведен во Куманово!
Следно“Чкембари” со реакција: Ова не е организациски пропуст, туку непочит кон навивачите