Куманово во транс – преку ТФТ до прво Куп финале!

142
Фото: КФСМ

Втората полуфинална пресметка донесе неизвеност до самиот крај. Во финалето патува Куманово, кој славеше против ТФТ со 79-87 за историја во Купот на Македонија, кој го носи името по легендата „Благоја Георгиевски – Буштур“. Во битката за трофеј ќе се сретне со МЗТ Скопје, дуелот се игра со почеток во 19 часот.

Лидерот во редовите на Куманово беше Николиќ со 31 поен, Луковиќ имаше 17 поени и 10 скока. На другата страна Дејвис имаше 24 поени.

Поголем дел од првиот период мина во знакот на ТФТ, најголемата предност која ја имаше беше шест поени (24-18). Во следниот период додека Куманово ја бараше својата игра, скопскиот состав дојде на плус 8 (34-26). Но, избраниците на Марин Докузовски ја надокнадија негативата и се вратија целосно во мечот. На одморот резултатот беше 45-45, најава за драма.

Куманово ја имаше контролата на резултатот во поголем дел од третата четвртина. На стартот на последните десет минути, ТФТ заработи техничка грешка, а Ѓуроски зголеми на 68-76. Долго време на семафорот стоеја 70-76, тензијата растеше. Луковиќ со четири поени го прекина овој лош тренд за двоцифрени 70-80 во 35. минута. ТФТ не се откажа, врати со 7-0 за 77-80. На две и пол минути до крајот, скопскиот тим остана без четврти кошаркар поради пет лични грешки. Николиќ везеше поени за чекор напред кон посакуванта победа, противникот немаше ниту сили, ниту решение за да се врати.

ПретходноФА Куп: Бизо ја уништи Астон Вила, Тонали го лансираше Њукасл во осминафинале
СледноКупот на африкански нации во 2027 година ќе се одржи на лето!