Мајсторија: Фантастичен гол на Барди од слободен удар!(ВИДЕО)

349
фото: Halil Yılmazer (X)

Тоа е тоа. Мајсторија на капитенот на нашата репрезентација. Уште еден гол од слободен удар, гол како што само Енис Барди знае да постигне. Се играше 83.минута на гостувањето на неговиот Коњаспор кај Аланија спор кога беше досуден слободен удар за гостите на околу 25 метри од голот. И се знае дека тука нема дилеми кој ќе шутира, а шутираше македонскиот репрезентативец и постигна фантастичен гол за 2:1, за намалување на резултатот.

ПретходноПелистер 2 рутински до убедлив триумф во Радовиш!
Следно“Македонското“ дерби во Чешка за Ристовски! Костадинов со деби за Словачко!