Искусниот 35-годишен централен бек, Јасмин Мециновиќ е новоз асилување за второлигашот Скопје. Тимот кој сериозно се засилува во пресрет на второлигашката пролет, денеска го доби назад својот некогашен првотимец.
„Се вели дека домот е таму каде што е срцето, а моето срце секогаш остана тука, во ФК Скопје. Пресреќен сум што повторно го облакам овој дрес и што се враќам во клубот каде што почнав да градам сè. Како одбранбен играч, мојата задача е јасна – да бидам столбот на тимот и да не дозволам ништо да помине низ нашата линија. Се враќам поискусен, помотивиран и подготвен да „гинам“ на теренот за овие бои. Одиме заедно во нови победи! ФК Скопје над сè!“, пораче Мециновиќ.
Мециновиќ се враќа во Скопје по три години од неговото последно облекување на овој дрес.










